Психодијагностичка проценка на личност
09-мај-2025 во 14:55Психодијагностичката проценка е научно заснован процес меѓу психологот и клиентот, што се користи за проценка на специфични области на психолошкото функционирање, особините на личноста, емоционалните состојби, когнитивните способности и други релевантни аспекти на менталното здравје. Таа нуди вредни сознанија што ја поддржуваат точната дијагноза, ефикасното планирање на третманот и личниот развој. Проценката се спроведува со користење на стандардизирани психолошки тестови, интервјуа и техники на набљудување.
Од психолошката проценка на личноста се добива:
- опис на особата;
- идентификување на особините на личноста;
- одбранбени механизми;
- евалуација на когнитивните способности (интелигенција, внимание, меморија);
- несвесни механизми;
- влијание на рани искуства;
- разјаснување на емоционални или бихејвиорални тешкотии;
- препорака за третман.
Психолошката проценка на личноста помага во откривање и разбирање на психолошките аспекти и овозможува поставување на дијагноза со цел планирање на понатамошен третман. Доколку сметате дека Ви е потребна ваква услуга со цел добивање увид и разбирање на вашата психичка состојба, контактирајте ме.
Сите проценки се спроведуваат професионално, доверливо, посветено и согласно психолошките етички стандарди. Наодите се објаснуваат на јасен и разбирлив начин, придружени со препораки за понатамошни чекори или поддршка доколку е потребно. На крајот на текстот, неопходно е да се истакне дека психолошка проценка на личноста има право да спроведува само дипломиран и лиценциран психолог!