Невромоделирање

Невромоделирање

Техниките на невромоделирање овозможуваат работа со структурите на афективната меморија. Афективната меморија е дел од емоционалната обработка на настани, односно, минатите емоционални искуства ја обликуваат перцепцијата и реакцијата на личноста на нови ситуации. На пример, некој што имал негативно искуство во одредена ситуација може да се сети на стравот или вознемиреноста од минатото случување и да ги почувствува истите емоции кога ќе наиде на слична ситуација.

Работата со структурите на афективна меморија  се одвива преку обработка на негативни емоции, односно, идентификување и отстранување на скриени причини за психички проблеми преку невромоделирачки техники на директен дијалог со несвесното, откривање и отстранување на негативни и ограничувачки верувања и однесувања и моделирање на саканите верувања и однесувања, регулирање на расположението и виталноста.

Техниките на невромоделирање можат да помогнат во решавањето на конкретен проблем кој се решава во текот на една или повеќе сеанси, се овозможува да се дојде до промени кои водат до длабоки структурни промени. Овозможуваат работа со широк спектар на проблеми, како трауми, лоши односи кон себеси, со забрани од минатото, со лични ставови итн.

Facebook     Instagram