Предности од психолошкото советување
07-мај-2025 во 22:30Како психолог, во работата се насочувам кон мислите, емоциите, и однесувањето кај клиентот. Психолошкото советување нуди безбеден простор за самоистражување и помага да се развијат стратегии за поефикасно справување со животните предизвици. Инвестирањето во менталната добросостојба е чекор кон поздрав и поисполнет живот. Целта на психолошкото советување е прифаќање на реалноста и насока кон промена што би овозможила отстранување на минливи проблеми.
Средишниот предизвик во советувањето е чувството на немоќ, па задачата е ослободување на поединецот од страв и напнатост, овозможување на промена на ставовите, за да може да го промени однесувањето во однос на себеси и другите луѓе. Клиентот одлучува сам, бара и наоѓа целисходни форми за решавање на своите тешкотии. Основното средство во советувањето е употребата на зборови, а произлегува од сознанијата кои се значајни за ментално-хигиенските сфаќања, дека човекот има потреба од друг човек со кој би можел да разговара.
Предностите од психолошкото советување се:
- развивање на стратегии за справување со стрес;
- развивање на стратегии за справување со комплицирана семејна динамика;
- развивање на стратегии за справување со големи животни транзиции;
- ефективно третирање на состојби поврзани со менталното здравје (анксиозност, депресија итн.);
- градење на самодоверба и самопочит;
- добивање на емоционална поддршка и валидација;
- оспособување за промена на самоуништувачките однесувања/навики;
- намалување на злоупотребата на супстанции;
- подобрување на вештините за комуникација и решавање на конфликти;
- подобување на психофизичкото здравје;
- подобрување и зголемување на самосвеста;
- подобрување на управувањето со лутината;
- подобрување на личното функционирање;
- подобрување на односите и врските;
- подобрување и промена на негативното однесување, и многу други.