Активно учество во психолошкиот третман

Активно учество во психолошкиот третман

Психолошкиот третман изискува и твое активно учество. Не е доволно само редовно појавување на сесии, туку и лично преземање на акција за решавање на проблемите со помош на разговорите кои се водат. Психолошките проблеми се јавуваат како резултат на несоодветни стратегии за справување со ситуациите. Она што е потребно за надминување на проблемите е да се усвојат поефикасни стратегии за нивно решавање, а тоа е она што се учи кај психологот. Освен што психологот Ве учи на одредени нови стратегии, тој Ве мотивира и да бидете поефикасни во нивната примена.

Психологот не е магионичар!

Психологот може да му помогне на клиентот појасно да согледа одредена ситуација, да понуди алатки за увид и поддршка, но клиентот е тој што ги применува тие алатки надвор од сесијата. Без акција од страна на клиентот, невозможно е да се случи реална промена.

Промената бара труд и упорност!

Некои навики се формираат со години. Не исчезнуваат преку ноќ или само со разговор, туку потребно е свесно вежбање, експериментирање и работа во градењето на новите навики, помеѓу сесиите.

Промената се случува и надвор од терапевтскиот простор!

И покрај тоа што на сесиите се случуваат многу нешта, животот е полето за примена на усвоеното. За да се случат искуствени промени, потребно е да се применат научените стратегии од сесиите, како поставување граници, проба на поинакво однесување итн. Психолошките третмани се соработка помеѓу стручното лице и клиентот, тие не се пасивни и еднострани процеси.
 
Личната одговорност е неизоставен дел од психолошкото исцелување!

Прифаќањето дека „Јас сум дел од решението и јас ќе преземам одговорност.“ е прв чекор кон вистинско преземање лична одговорност, без тоа поединецот може да остане во улогата на жртва и пасивно да очекува нешто да се промени.