Ако барате психолошка помош и поддршка за вашето дете во Охрид, достапни се професионални услуги за психолошко советување и психотерапија за деца и адолесценти. Терапијата нуди сигурен простор за децата и младите, каде што можат да разговараат и да научат како да се справат со проблемите, без разлика дали станува збор за ментални, бихејвиорални и/или здравствени проблеми.
Во работата детскиот психолог користи интегративен пристап или комбинирани техники
произлезени од: уметничка (арт) терапија, когнитивно-бихејвиорална терапија (КБТ),
психодинамска терапија, семејна терапија, окупациона терапија итн.
Психолошките проблеми што ги засегаат децата честопати се третираат различно од
возрасните поради индивидуалните потреби на детето, возраста, когнитивните нивоа и
зрелоста. Во одредени случаи, психологот може да работи исклучиво со родителите (или
старателите) за да им помогне во зајакнувањето на родителските вештини и во
справувањето со однесувањето на детето.
Дали моето дете треба да посети психолог?
Децата не умеат со зборови да кажат дека им е тешко и дека се соочуват со некаков проблем, па тешкотиите ги изразуваат преку однесувањето, емоциите или телесни симптоми. Проблемите на децата и адолесцентите можат да произлегуваат од неисполнување на базичните психолошки потреби, а како последица можат да се појават анксиозност, повлекување, агресија, намален училиштен успех, проблеми во спиењето и многу други реакции.
Кога да побарам помош?
Размислете за консултација со психолог ако забележите дека вашето дете: поминува низ голема животна промена или стресен настан (преселба, развод, промена на училиште); доживеало траума, загуба или малтретирање; има изразена анксиозност, тага, се повлекува или има испади на лутина; пројавува насилно или ризично однесување; има потешкотии во социјални ситуации и во одржување на пријателства; пројавува видливи промени во однесувањето; има проблеми во училиште или намален училиштен успех; се бори со ниска самодоверба и изразена самокритичност; тешко му е да зборува за чувствата и му треба емоционална поддршка.
Работата со психолог може да помогне при:
анксиозност, депресија, фобии, панични напади; АДХД, потешкотии во учењето, дислексија; агресивно однесување; булинг (жртва или насилник); тага, загуба и процес на жалење; проблеми со самодоверба, идентитет или слика за телото; проблеми во односите со родители или врсници; нарушувања во исхраната; нарушувања во спиењето (несоница, кошмари); соочување со развод на родители или други семејни промени; злоупотреба (физичка, емоционална, сексуална); адаптација на ново училиште или средина итн.
Ако промените во расположението и/или однесувањето на детето траат подолг период
(најмалку две недели) и го нарушуваат неговото секојдневно функционирање, ако детето
мисли дека не сака да постои или зборува за смрт и самоповредување, побарајте помош!