Невромоделирање
05-фев-2026 во 20:07Техниките на невромоделирање овозможуваат работа со структурите на афективната меморија, која е дел од емоционалната обработка на настани. Mинатите емоционални искуства ја обликуваат перцепцијата и реакцијата на личноста на нови ситуации. На пример, некој што имал негативно искуство во одредена ситуација може да се сети на стравот или вознемиреноста од минатото случување и да ги почувствува истите емоции кога ќе наиде на слична ситуација.
Работата со структурите на афективна меморија се одвива преку обработка на негативни емоции, односно, идентификување и отстранување на скриени причини за психички проблеми преку невромоделирачки техники на директен дијалог со несвесното, откривање и отстранување на негативни и ограничувачки верувања и однесувања, како и моделирање на саканите верувања и однесувања, регулирање на расположението и виталноста.
Техниките на невромоделирање можат да помогнат во решавањето на конкретен проблем во текот на една или повеќе сеанси за да се дојде до длабоки структурни промени. Овозможуваат работа со широк спектар на проблеми, како трауми, лоши односи кон себеси, забрани од минатото, лични ставови итн.