Психодијагностичка проценка на личност
05-фев-2026 во 20:02Психодијагностичката проценка е научно заснован процес помеѓу психологот и клиентот, што се користи за проценка на специфични области на психолошкото функционирање, особините на личноста, емоционалните состојби, когнитивните способности и други релевантни аспекти на менталното здравје. Проценката нуди вредни сознанија што ја поддржуваат точната дијагноза, ефикасното планирање на третманот и личниот развој, а се спроведува со користење на стандардизирани психолошки тестови, интервјуа и техники на набљудување.
Од психолошката проценка на личноста се добива:
• опис на особата;
• идентификување на особините на личноста;
• одбранбени механизми;
• евалуација на когнитивните способности (интелигенција, внимание, меморија);
• несвесни механизми;
• влијание на рани искуства;
• разјаснување на емоционални или бихејвиорални тешкотии;
• препорака за третман.
Психолошката проценка на личноста помага во откривање и разбирање на психолошките аспекти и овозможува поставување на дијагноза со цел планирање на понатамошен третман. Доколку сметате дека Ви е потребна ваква услуга со цел добивање увид и разбирање на вашата психичка состојба, контактирајте ме. Сите проценки се спроведуваат професионално, доверливо, посветено и согласно психолошките етички стандарди. Наодите се објаснуваат на јасен и разбирлив начин, придружени со препораки за понатамошни чекори или поддршка доколку е потребно. На крајот на текстот, неопходно е да се истакне дека психолошка проценка на личност има право да спроведува само дипломиран и лиценциран психолог!